Зошто децата се “неподносливи“ во близина на мајките?

0
189

Ќенкање, плачење, фрлање играчки, трчање кон вас(мајките) чим влезете дома…Познато? Вие сте всушност една среќна мајка…Но како?

Доаѓате по своето дете во градинка и учителките го фалат колку е мирен и послушен. Кога и да го оставите кај баба на чување, таа е воодушевена од неговата добрина, а уште и со чудење ве прашува како постојано се жалите од неговото однесување. А уште полошо е што кога и да го оставите со таткото, тоа е послушно, мирно…сосема спротивно од времето поминато со вас. Каде е сега проблемот? Зошто секогаш децата се качуваат на глава буквално на мајќите?Зошто…зошто…?

Еве го одговорот од стручната набљудувачка публика…

Нема поголема сигурност од мајката која сака, разбира, која се труди да помогне на своето дете. Кога вие не сте со детето, тоа ги собира и акумулира сите емоции кои го обливаат и чим ве здогледа на вас ги искажува. Оние добри емоции кои ги окупирале, недостастасување, тие ќе ги искажат со прегратка, бакнежи и скокање и радост околу вас. Тоа всушност и ќе ве воодушеви и нема да ви пречи. Но, ќенкањето, плачењето, фрлање на играчки, бесење по вас…ситуации кои ве убиваат буквално од грижа што не знаете што се случило и што е причината за ваквото однесување.

Драги мајки, она што се случува со вашето дете кога ќе ве види, претставува една бајка, всушност вие би биле добрата вила која ќе ги заштити од се и секого и ќе го избрка вознемирувачкото чувство. Со вас доаѓа и чувството дека сега можат да се опуштат.

Психолозите советуваат да го оставите детето да ги изрази своите емоции и чувства веднаш штом ве здогледа, колку и тоа во моментот да ви претставува мака, вие можеби во моментот ќе се чувствувате како негова канта, но всушност вие сте најголемата подршка и човек на кој секогаш може да смета.

Она што го потенцираат психолозите е следново, вашето дете не е злонамерно или пак размазено, тоа всушност одвај чекало да ве види за да ви разкаже се.

Следен пат кога ќе се враќате дома или ќе го зимате детето од градинка, припремете се за оваа можна состојба и широко отворете ги рацете за прегратки и утеха, така вашето дете ќе биде среќно и подготвено за брзо време да се врати на својот ритам.