Зимски микс на лек и задоволство – греано вино

0
143

Греаното вино е дефинитивно еден од омилените зимски пијалоци кој најчесто се користат за да се стоплите од ладната и снежна зима.

Покрај тоа што ни овозможува топлина, овој вкусен пијалок содржи голем број на здравствени придобивки кои се важни за нашето тело.

Најпрвин, вареното вино има функција на антиоксиданс и го чисти телото од отрови и други супстанции кои се акумулираат со текот на времето во организмот. Кога пиете варено вино, преку потта ги отфрлате сите непотребни работи од телото, со што се чувстувате здраво и чисто.

Греаното вино, исто така, има огромно влијание врз разредувањето на крвта и крвниот притисок, така што ја подобрува циркулацијата и функционирањето на целиот кардиоваскуларен систем. Поради зачините кои се ставаат во вареното вино, делува како феноменален лек за настинки и грип, па затоа се препорачува во периоди кога преовладуваат настинки.

Меѓутоа, ако сакате да останете здрави и да не предизвикате несакани ефекти од виното, тогаш не треба да пиете повеќе од 3 децилитри вино дневно.

Нутриционистите и лекарите велат дека ова е препорачаната доза и дека не смее да се консумира повеќе.