Жељко прв пат ме виде од зад грб, вели тогаш се вљубил во мене ! Јована Јоксимовиќ искрено за својот живот.

0
192

Јована Јоксимовиќ е една од најшармантните но и најспремни водителки на балканот. Во својата 39-та освен како сопруга на естрадната ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, таа е жената што ја има најубавата насмевка, често споредувана со онаа на Џулија Робертс.

Неодамна осамна информацијата за новиот проект кој го започна сопругот на Јована, имено Жељко Јоксимовиќ лансираше 3 нови телевизиски канали, канал за вести од здравствениот сектор, канал посветен на музиката и канал со содржини само за деца.

На прашањето дали заштитното лице на телевизија Прва, Јована Јоксимовиќ планира да ја напушти позицијата и да застане на кормилото на една од телевизиите, одговара:

„Имам веќе свои работни обврски на прва и уредник сум во утринската програма. Содржините на телевизиите на Жељко не се во мој домен, зошто јас години наназад се занимавам и следам информативна содржина. Па ако отвори телевизија со истата и доколку ми даде соодветна понуда, можеби ќе размислам.“Одговара низ насмевка Јована Јоксимовиќ.

На телевизискиот канал на сопругот, К1 неодамна гостуваше Јована, во едно долго интересно и искрено интервју, зборуваше за секој аспект од нејзниот живот. Внимание ќе ви привлече приказната на првата средба помеѓу Жељко и Јована Јоксимовиќ, која била пресудна за понатамошното развивање на љубовта.