Зелена Книга победник на Оскарите 2019

0
30

Филмот Зелена Книга е победник на оскарите 2019. Реми Малек најдобар актер за улогата на Фреди Меркјури.

Оваа ноќ е најинтересна за светскиот џет сет. Се одржа 91-тото доделување на филмските награди Оскар во Долби театарот. После 30 години повторно немаше водител, а ја немаше и наградата за Најпопуларен филм.

Американскиот комичар Кевин Хант се откажа од улогата на водител по бурните реакции на јавноста на неговите стари, хомофобни пораки на Твитер. Последните две години церемонијата ја водеше комичарот Џими Кимел. Оскарите се доделуваа во 24 категории, а традиционално како и секоја година им беше одадена и почит на филмските имиња кои минатата година заминаа во вечноста преку музиката на Џон Вилијамс. Оскарите не се доделуваат само за најдобрите филмски остварувања, туку и за технички достигнувања и за трајни вредности, а се доделуваат една недела пред официјалните Оскари.

Во категоријата за најдобар филм, годинава беа номинирани осум филмови. Фаворити со по 10 номинации, беа британскиот филм „Миленичка“, црна комедија за политичките интриги и игри на моќ на дворот на кралица Ана во 18 век и „Рома“, за осврт на животот на една куќна помошничка во Мексико Сити.

Церемонијата започна со колаж од најголемите музички хитови на групата Квин со Адам Ламберт и оригиналниот бенд проследен со овации од публиката. Годинава во улога на презентери беа Џејсон Мамоа, Џенифер Лопез, Серена Вилијамс, Квиз Латифа, Хавиер Бардем, Анџела Басет, Мајкл Китон, Даниел Крег, Шарлиз Терон, Мишел Јео, Вил Фаремл, Самјуел Л. Џексон, Барбра Стрејсенд, Гилермо дел Торо, Џулија Робертс.

Најдобрата женска споредна улога и припадна на актерката Реџина Кинг за улогата во „Кога улицата Бил би зборувала“, а најдобата машка споредна улога му припадна на Махершала Али за „Зелена книга“.

Оскарот за најдобра женска улога изненадувачки отиде кај Оливија Колман за улогата на кралицата Ана во филмот „Миленичка“ на која дури и не го очекуваше Оскарот и не можеше да се соземе кога го прочитаа нејзиното име, ниту можеше да зборува на сцената, па дури и се извини на Глен Клоуз што по седум номинации не стигнува до Оскарот. Нејзиниот говор го оценија како нaјсимпатичен на Оскарите кој дефинитивно не беше однапред подготвен.

За најдобра машка улога како што и се прогнозираше Оскарот го доби Рами Малек за улогата на Фреди Меркјури, пејачот на групата Квин.

Најдобар долгометражен документарен филм е „Слободниот Соло“, а краткометраен „Точка. Крајот на реченицата“. За најдобра шминка Оскарот го доби филмот „Човек од сенка“ и одличната трансформација на Кристијан Бејл во улогата на поранешниот американски потпретседател Дик Чејни, најдобра костимографија имаше филмот „Црниот пантер“, кој освои Оскар за најдобра сценографија и оригинална музика. Најдобра филмска фотографија имаше филмот „Рома“ кој освои Оскар и за најдобар странски филм. Најдобра монтажа на звук доби очекувано „Боемска рапсодија“ кој се закити со Оскар и за најдобар звук и најдобра филмска монтажа. За најдобра песна е прогласена „Плитко“ во изведба на Лејди Гага, а песната ја изведе на сцената заедно со нејзиниот филмски партнер Бредли Купер. Таа со емотивен говор се заблагодари што конечно го достигна врвот во кариерата и како пејачка и композитор.

Најдобар долгометражен анимиран филм е „Спајдермен: Новиот свет“, најдобар краткометражен анимиран филм е„Бао“. Најдобри визуелни ефекти имаше филмот „Првиот човек“, најдобар краткометраен филм е „Кожа“. Најдобро оригинално сценарио е „Зелена книга“, а најдобро адаптирано сценарио е „Црниот Клу клукс клан“ со што Спајк Ли конечно го доби и првиот Оскар во кариерата и тоа го прослави со највеселиот говор.

Оскарот за најдобар режисер го доби Алфонсо Гуерон за филмот „Рома“, а за најдобар филм уште едно изненадување следуваше филмот „Зелена книга“ беше погласен како најдобро филмско остварување за 2018, иако сите прогнозите беа во корист на филмот „Рома“.