Застанете за момент: вака треба да изгледа права дама

0
959

Кралицата на Шпанија, од ден во ден со своите брилијантни изданија докажува дека е вистинска стилска икона. Неодамна повторно ги задржа погледите кога се појави во совршена тегет креација во Мадрид, во придружба на сопругот Филип IV, нема кого не остави рамнодушен со својата убавина и беспрекорна елеганција.

Кралицата се одлучила за необичен тегет комбинизон, кој на прв поглед подсека на фустан. Оваа навидум едноставна креација, која дискрено, но многу ефикасно, ја истакнува линијата на познатата Шпанка, е со потпис на Педро Дел Ниеро познат по долгогодишна традиција на изработка на квалитетни и гламурозни парчиња.

46 годишната дама е љубител на шпанските брендови, на оваа феноменална креација таа додала салонки на италијанскиот бренд Нина Ричи а од аксесоарите можат да се забележат Булгари обетки.

Кралицата Летиција, со минимална шминка, ниска пунџа со интересна плетенка, е вистинска дама која уште еднаш даде до знаење како треба да изгледа права дама.