Запознајте ја најпозитивната личност: Тијана Скулиќ

0
2486

Во ова динамично секојдневие, во кое многумина заборавија да се смеат, таа секогаш има позитивна мисла, енергија, која сака да ја сподели со сите. А токму поради тоа заслужи да ја посочиме како пример.

Запознајте ја Тијана Скулиќ, скопска градска девојката која преку социјалната мрежа инстаграм ви испаќа насмевка, по некоја информација, спортска вежба и превкусни рецепти 🙂

  1. Тијана во денешно време во кое луѓето се преплавени од проблеми, а анксиозноста стана нормална состојба…Како си постојано насмеана, како успеваш да ја задржиш таа позитивна енергија?

-Во принцип по природа сум хиперактивно дете кое од секогаш вежбаше. Трчав и ги пробував сите спортови, и за мене познато е секогаш да ме гледате насмеана и спремна за авантура. Кога сме кај позитивната мисла и насмевката,  нели сами си го креираме денот и расположението а воедно и на другите, притоа секогаш сум на страната на спортот а верувам и тоа влијае на убавиот и позитивен став.

2. Како изгледа еден твој ден?

-Заедно со изгрејсонцето сум подготвена во опрема за спорт и акција, вежбам секаде но најмногу го сакам Водно, тука е Кејот на Вардар и мојот омилен клуб Fight Factory…почнувам со спорт за потоа да можам да ги завршам сите неопходни и задолжителни обврски…за потоа да ме удри магијата и да ме обземе адреналинот со готвењето, и тогаш излегуваат тие преубави рецепти кои ги гледате на мојот профил.

3.Твоите видеа се инспирација, дали станува збор за спорт, некоја мисла и тука се и превкусните рецепти, што тебе те релаксира?

-Морам да признаам дека никогаш не гледам рецепти, се е моја идеја и толку многу се внесувам што можам да заглавам во кујна подготвувајќи едно па веднаш добивам идеја за следно јадење. Обожувам кога има избор од јадења на трпезата и на моите блиски кога им готвам имаат избор од неколку јадења. Голем љубител сум на добро месо, морска храна и се поврзано со неа.

Останувам на ставот: добра храна и спорт за здраво тело. Но тоа што ме исполнува се пријателите, кога ќе се собереме на нашето место во добра атмосвера и по некоја чаша вино. Посветена сум, и се трудам за начинот на живот мој и на моите блиски.

4.Ќе ја искористам приликава да побарам да ми споделиш некој рецепт, може?

-Неможам да се одлучам зошто омилен рецепт немам, секој рецепт е уникатен. Готвам апсолутно се, и се се надевам дека преку сликите на инстаграм ви го пренесувам вкусот зошто верувајте изгледа исто како во живо 🙂

Ти благодариме Тијана, остани тоа што си, Туто ОК!

(кликни на името за да го отвориш инстаграм профилот на Тијана Скулиќ)