За прв пат кај нас промовирани производите на Panthenol Extra

0
203

За време на првото шоу за тетовирање кое се одржа овој викенд во малата сала Борис Трајковски, посетителите имаа можност да присуствуваат и на прва неофицијална промоција на дел од производите на познатиот грчки производител на козметика и креми Panthenol Extra. Овие производи се еден од најпознатите грчки производи кои се произведени од страна на компанијата МЕДИСЕИ.

На шоуто беше промовирана кремата за целосна нега по тетовирање. Кремата за нега на кожата по тетовирањето е еден од најдобрите производи за овој третман која содржи 5% пантенол, алантоин и витамин Е, кој ја задржува хидратацијата на тетовираното место без никаква иритација и можност за формирање на красти и ја зголемува еластичноста. Кремата има дејство со кое се спречуваат потенцијалните инфекции истовремено заштитувајќи ги боите на кожата и тетоважата од сонева светлина.

Според претставниците на МЕДИСЕИ, ова е прва промоција на еден производ кај нас и најавуваат наскоро влез на македонскиот пазар со цела палета на производи.

“Среќни сме што компанијата МЕДИСЕИ одлучи нејзините врвни производи Panthenol Extra да ги понуди на македонските купувачи. Веќе од наредната недела граѓаните ќе можат да ги купуваат едни од најдобрите производи за нега на кожа и медицинска заштита. На пазарот во Северна Македонија покрај оваа крема за целосна нега по тетовирање ќе можат да најдат и целосна линија за нега на кожа, производи за мажи, за бебиња, познатите сирупи и бомбони Кајзер, линија за сончање, познатите фластери, дезинфектанти, производи за убавина, како и други продукти.” – изјавија од компанијата.

МЕДИСЕИ е грчка компанија која постои од 1998 година и лидер во Грција во нејзината дејност. Нејзиниот најпознат бренд Panthenol Extra е добро познат во Европа. Компанијата е фокусирана на квалитет и врвни производи и во иднина ќе продолжи да ги развива своите производи.