За придобивките и начинот на правилно сечење на кромидот, прочитајте…

0
96

Кромидот е многу здрав зеленчук. Луковицата од кромидот содржи вредни лековити материи и може да се користи како природен лек за многу заболувања.
Во исхраната се користи преку цела година: млад (зелен) кромид напролет, млади главици кромид во текот на летото и зрел кромид зиме.
Од хранливи состојки, кромидот содржи многу јаглехидрати, во мали количества растителни белковини и масти. Но вистинската вредност на кромидот во исхраната потекнува од содржината на витамини и минерали. Тој е вистинска ризница на витамини, минерали, олигоелементи, билни хормони… Содржи калиум, сулфур, витамини Б1, Б2, Ц, К, П, бета-каротин. Кромидот во организмот дејствува слично како инсулинот.

Познатиот британски готвач Гордон Ремзи откри како правилно се сечка кромидот и вие ќе се уверите дека оваа метода навистина е многу практична. Тој советува обавезно да го оставите коренот на кромидот, барем додека не завршите со сецкањето, затоа што во спротивно тој ќе почне да испушта сокови, а токму тоа ќе измами солзи во очите.

Потоа, важно е да користите остар и голем нож, а потоа и да го преполовите кромидот. Половината главица кромид држете ја со три прсти, така да средниот биде напред. Почнете да сечкате ниско и вертикално, но не до коренот, а потоа два пати засечете го хоризонтално. Потоа почнете да го сечката цврсто се до крајот како што е прикажано на видео снимката подолу.

Во кромидот се наоѓаат многу состојки што дејствуваат бактерицидно, т.е. се борат против бактериите и другите микроорганизми, кои се причинители на разни воспаленија. Бактериостатиците во кромидот го даваат неговото лековито својство. Затоа често се препорачува при настинки, кашлица, акутен и хроничен бронхитис, астма и други воспалителни заболувања. Покрај тоа, кромидот ја прочистува и крвта, ги прочистува крвните садови и ја спречува атеросклерозата. Со еден збор, кромидот е здрава храна и природен лек.