Вратете ја енергијата и волјата, еве како…

0
274

По празничниот период и во зимските ладни денови, дефинитивно ни е потребно време да ја вратиме и обновиме енергијата.

Најважно од сè е да не се предадете на меланхолијата, туку да продолжите, колку што можете, да се социјализирате. И секако, грижете се и за физичкото здравје.

Редовно вежбајте

Физичката активност ослободува ендорфин, кој имаат ефект врз подобрување на расположението. Вклучете се во некој зимски спорт. Дружењето со другите ќе ве направи посреќни и порасположени и што е најважно, мотивирани.

Излегувајте на дневна светлина

Деновите се кратки, но тоа не значи дека не можете да ги искористите за да излезете на дневна светлина. Природната светлина, особено ако пробива и по некој сончев зрак, ќе ја поттикне вашата енергија и ќе ве направи порасположени за секојдневните активности.

Избегнувајте лоша храна

Вашата омилена зимска храна е преполна со масти и шеќери, но колку и да е надвор ладно, тмурно и сакате само да седите дома и да јадете, треба да ги негувате истите здрави навики како и во останатиот дел од годината.

Пешачете

Пешачењето ќе ви го подобри крвотокот и крвниот притисок и ќе ве исполни со доволно енергија за до крајот на денот.

Избегнувајте алкохол

Консумирајте го во разумни дози. Ограничете се на една до две чаши зависно од настанот. Можеби мислите дека ве орасположува, но ако претерате, ефектот е сосема спротивен.