Вработените од фабрика Карпош се вклучија во акцијата “Не биди ѓубре”

0
50

Вработените во Фабрика Карпош одлучија активно да се вклучат во акцијата “Не биди ѓубре” која има за цел да влијае на свеста кај граѓаните и институциите да се грижат за почиста животна средина и да не го фрлаат ѓубрето каде што ќе стигнат.

На последната акција која беше спроведена вчера на автопатот Скопје – Тетово, односно на првата патарина на излезот од Скопје, вработените на Фабрика Карпош зедно со сите останати активисти собраа околу 50 вреќи ѓубре.

“Нашата цел како општествено одговорна компанија е да делуваме секогаш во прилог на општеството преку вакви акции кои имаат за цел да ја зголемат свеста на граѓаните и да влијаат на општеството. Како компанија секогаш сме давале поддршка на општествено одговорни акции, донации, кампањи и ова претставува само продолжување на нашите активности во нашата мисија која е една од основите на нашето работење.” – изјавија од Фабрика Карпош.