Во Скопје се отвори “Родителска куќа“.

0
398

Во Скопје се отвори “Родителска куќа“, место за родителите кои не се од Скопје да имаат привремен топол простор, дом, додека ги чекаат нивните дечиња кои се на клиниката за Онкологија во Скопје, кои мора да имаат подолг престој на хемато-онколошкото одделение.

“Родителска куќа“ претставува заеднички проект на Министерството за здравство и Здружението на граѓани “САНО“ од Скопје.

Во “Родителска куќа“ се изградени 4 апартмани со комплетно уредени бањи, а родителите кои ќе престојуваат тука ќе можат да ги користат заедничките простории, пестојот е бесплатен како и појадокот.