СОСТОЈКИ:
- 3 јаболка
- 3 јајца
- 120 гр шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 270 мл јогурт
- 80 мл масло
- 270 гр брашно
- прашок за печиво
- 1,5 лажица цимет
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Јаболката исчистете ги и изрендајте ги. На страна разматете јајца, шеќер, ванилин шеќер, јогурт, масло и во таа смеса додајте брашно, прашок за печиво и цимет. Сè добро измешајте и потоа во смесата додајте изрендани јаболка. Измешајте и полнете калап за мафини со подготвената смеса.
- Печете 20 минути на 180 степени. По желба мафините послужете ги со малку слатка павлака.