Ви се допадна лин новото лого на Зара?

0
128

Оваа недела,ZARA го претстави своето ново лого, дизајнирано од страна на агенцијата Baron & Baron. Логото го заменува вишокот простор во стариот дизајн со преклопени букви. Како завршен дел на изгледот, дизајнерите додадоа искривени акценти на “Z” и “R.”

По втор пат, Zara го редизајнира своето лого, кое доби големи критики од познати дизајнери. Познатиот дизајнер Eric Spiekerman го нарече “најлошото лого кое што сум го видел со години”, додека други ја искористија можноста да го користат логото како зафрканција.

Zara е најновиот бренд кој го ребрендираше своето лого, но изборот на сериски фонт го издвојува од останатите логоа, кои полека ја преземаат модната индустрија.