Том Хенкс е првата позната личност која има коронавирус!

0
267
Mandatory Credit: Photo by Matt Baron/BEI/Shutterstock (7898420om) Tom Hanks 43rd Annual People's Choice Awards, Arrivals, Los Angeles, USA - 18 Jan 2017

Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон се заразија со коронавирус за време на нивниот престој во Австралија.

63-годишниот холивудски актер ја соопшти веста преку порака на Instagram.

Здраво луѓе. Јас и Рита сме во Австралија. Се почувствувавме малку уморни, како да имаме настинка и болки во телото. Рита чувствуваше треска одвреме навреме. Малку покачена температура. За да ја направиме правилната работа, како што е потребно во светот сега, се тестиравме за коронавирус и позитивни сме.

Па сега, што да правиме следно? Одговорните медицински лица имаат протоколи кои мора да ги следиме. Ние ќе бидеме тестирани, набљудувани и изолирани во период којшто е потребен за безбедноста и јавното здравје.

Ќе ве известуваме.

Грижете се за себеси!
Хенкс!