„Скитникот и синовите“ од современиот бугарски автор Александар Секулов

0
113

Издавачки центар ТРИ, во соработка со „Креативна Европа“, проект поддржан од Европска Унија, ви ја претставува новата книга од едицијата „Магични приказни“ – „Скитникот и синовите“ од современиот бугарски автор Александар Секулов, во превод на Душко Крстевски.

Современата поморска авантура „Скитникот и синовите“ е уште едно издание кое плени со својата раскошна раскажувачка енергија. Главниот лик е капетан Јосиф, висок, зеленоок, со долга сребреникава коса. Иако има полни едра на својата јахта Барболета, сфаќа дека животот му е празен и осамен. Тој ќе мора да ѝ погледне на вистината во очи откако ќе помине извесно време со децата на своите најдобри пријатели – и со сопствениот син кој не го видел со години. Токму тие ликови ќе го предизвикаат да проѕре малку подлабоко во личното море.

Оваа книга е храбро впуштање во сопствената душа и осветлување на внатрешните длабочини!

Александар Секулов е добро познат на бугарската сцена не само како автор туку и како креатор на културниот живот во родниот Пловдив. Автор е на романите Колекционер на љубовни приказни, Малата светица и портокалите, Господ слегува во Атина, како и на поетските книги Седмо небо, Карти и географии и Високо, над далечината. Носител е на наградата „Аскеер“ за пиесата Нема струја за електричниот стол.