Што вели биолошкиот часовник, кога е најдобро да раѓаат жените?

0
107

Многу жени ја одложуваат бременоста од разни причини, дел од нив се: безгрижен живот, кариера, патување итн.

Доктор Џон Мировски, социолог од универзитетот во Тексас, спровел истражување, во кое наведува дека најдобриот период за жената да раѓа е во 34 тата година од животот.

Еве го неговото објаснување:

Најдобриот период за жената да забремени се 34 тата или 35 тата година, зошто во дваесетите женското тело е подложно на многу болести. Додека пак во триесетите женското тело и жената се во најдобра состојба за бременост.

На ова истражување на Мировски се надоврзуваат и психолозите кои пак дообјаснуваат дека токму во 34 тата година жената веќе има стабилна емотивна врска со партнерот, таа има доволно енергија и виталност, веќе имаат остварено некое ниво во професионалниот живот и се доволно зрели за воспитување деца.