“Немој погрешно да ме сфатиш”, стана често изговарана фраза, но што се крие зад неа?

Како увертира која ќе ја навести непријатноста што треба да ја изговориме на друга личност или во ситуација во која сме сигурни дека токму она што ќе го кажеме ќе донесе непријатно чуство и ќе ги вознемири соговорниците.

“Немој погрешно да ме сфатиш”,пред да го искажеме нашиот негативен став кон блиска личнист. Но, велат психолозите корисно е да се критикува и токму со оваа фраза несвесно се заштитуваме од негативно прифаќање и осуда на она што сме го кажале.

Кога од луѓето бараме да не не сватат погрешно, ризикуваме да се налутат на нас. Но, психолозите велат како воопшто можеме однапред да знаеме како би не сфатиле.

Кога постојат прикриени намери, неможеме да зборуваме за отворена и искрена комуникација, тоа често соговорниците и знаат да го препознаат и соодветно да реагираат.

Кога не сме свесни за маневрот на соговорникот, тоа не значи и дека не се случил. Она што ние го чуствуваме во тој момент е тежина, притисок, потискање за кое немаме рационално објаснување.

Манипулацијата често повеќе заболува од самата критика, од причини што ја доживуваме како непочитување и потценување.