Што кога ќе ме фати стомачен вирус?

0
343

“Првиот ден симптомите се најјаки, вториот и третиот ден полека се намалуваат. Најважно во овие ситуации е надокнадувањето на течностите да не се доведете во состојба на дехидрација, на што децата се посебно осетливи, старите лица и хронично болните. Кај помладите може да се појави и температура, појаснуваат медицинските лица“.

Стомачниот вирус најчесто се манифестира како воспаление на желудникот или тенкото и дебелото црево. До тоа доаѓа како последица на зголемување на слуз и останат отпад во телото. Најчесто се пренесува преку заразена храна, пијалок, нечисти раце. Поради тоа во оваа сезона на зголемени можности од заразување со стомачен вирус, докторите препорачуваат постојано миење на рацете. Но најважната препорака е постојано јакнење на организмот со здрава исхрана.

Овој вирус не е опасен и повеќето заболени се опоравуваат за неколку дена без последици. Но, озбилен проблем може да настане доколку имате јака дијареа и повраќање.

“Доколку сакате да си помогнете на својот ситем на варење полесно да се избори со инфекцијата, покрај терапијата која ви е препорачана, потребен е посебен режим на исхрана. Најдобар за вешето тело е варениот компир, морков, ориз, тостиран леб, кекс, посни супи, чаеви и вода. Внимателно со количината на течности може да си предизвикате дополнителен проблем“.