Што е ТАБАТА?

0
579

„ТАБАТА” е име на тренинг. Овој тренинг обезбедува слични здравствени придобивки како класичниот тип на кардио тренинг но е зачинет со многу поголем интензитет на вежбање. Наместо тренингот да ви трае 30 минути или 60 минути, Табата тренингот може да се заврши од 4 до 5 минути. Табатата спаѓа во тренинг со висок интензитет така наречен HIIT Training (high intensity interval training)

Неизбежен дел од интензивниот тренинг се кардиоваскуларните вежби со цел да се подобри издржливоста и да се намали нивото на масти во телото BMI. Во кардио вежбите спаѓа пешачење , трчање, велосипедизам или брзо одење, скокање на јаже и др.

Тренингот со висок интензитет има многу поголемо влијание врз аеробниот систем но и врз анаеробниот систем.  Табатата е вид на тренинг со висок интензитет кој нуди повеќе здравствени придобивки од традиционалните кардиоваскуларни вежби. Краток е, и ефикасен тренинг кој може да се вклопи во секоја фитнес програма.

ПРИМЕР ЗА „ТАБАТА“ ТРЕНИНГ

20 секунди трчање в место со високо подигнување на колената

10 секунди пауза

20 секунди чучњеви

10 секунди пауза

20 секунди склекови

10 секунди пауза

20 секунди скокање на јаже

10 секунди пауза