Северна Македонија со свој претставник на MOS светскиот натпревар во Њујорк

0
29

Северна Македонија со свој претставник на MOS светскиот натпревар во Њујорк

Во рамки на проектот за унапредување на дигиталната писменост на младите во Р. Северна Македонија денеска по четврт пат во просториите на i-bank store филијалата на Стопанска банка АД – Скопје се одржа финалето на националниот MOS (Microsoft Office Specialist) со кој Северна Македонија го доби својот претставник за светскиот натпревар.

На овогодинешното финале во кој учествуваа најдобрите 40 млади од речиси 700 пријавени лица победи Ана Марија Атанасовска. Победникот на Националниот MOS (Microsoft Office Specialist) натпревар ќе ја претставува на светскиот Microsoft Office Specialist натпревар кој оваа година се одржува во Њујорк, САД . На светскиот натпревар активно учество земаат повеќе од 120 земји во светот.

Според организаторите на МОС натпреварот, Certiadria, од година во година интересот расне.

„Среќни сме што од година во година интересот за МОС натпреварот расне. Посебно сме горди што бројот на млади кои работат на подобрување на нивната дигитална писменост се зголемува, што во минатото не беше пример.  И честитаме на Ана Марија Атанасовска за освоенот прво место и му посакуваме успех во Њујорк на светскиот натпревар. Голема багодарност до сите поддржувачи на овој настан кои овозможија да препасне во традиција. Сакам да напоменам дека сите учесници кои ги положија испитите се стекнаа со меѓународни сертификати, со што го потврдија достигнатото ниво на дигитална писменост и вештини неопходни за понатамошен успех и кариерен развој„ – изјави Марко Серафимовски, директор на Certiadria.

На финалето од МОС натпреварот свое обраќање имаше и Милица Чапаровска – Јовановска, Генералниот директор за банкарство на мало од Стопанска банка – АД Скопје кои традиционално го поддржуваат овој натпревар со обезбедување на трошоците за патувањето на победникот и менторот на светскиот натпревар во САД.

“По четврт пат ја имаме честа да сме домаќини на еден од најголемите предизвици достапен за младите ученици во Северна Македонија. На овој натпревар учество земаат претставниците на идните генерации и нивната посветеност, упорност и успех се огромна надеж за добра и посигурна иднина за нашата земја. Искрени честитки за сите учесници, а секако посебни честитки за победникот и неговата/нејзината можност да се натпреварува и на глобално ниво и да ги запознае своите врсници од целиот свет. Стопанска банка АД – Скопје продолжува да инвестира во поддршката на младите преку вакви проекти, преку ТОПСИ платформата и секако преку можноста за волонтирање, работна пракса и вработување.“

Валентина Тасева, директор на Семос Едукација во своето излагање им се обрати на натпреварувачите: “Не престанувајте да ги градите своите знаења и вештини на сите полиња, сега и постојано. Вашиот дом е целиот свет. Градете го својот глобален дом со знаење. Само така ќе направите поубаво место за живеење за сите. Веруваме во вас. Вие сте иднината”. На финалето, свое обраќање до јавноста имаше и претставникот на Град Скопје кој е партнер во организирањето и спроведувањето на МОС натпреварот.

„Како и минатата година така и оваа Градот Скопје обезбеди бесплатно тестирање за 500 учесници. Не радува фактот што со поддршка на овој проект им овозможивме на учениците бесплатно да ги полагаат испитите и да се стекнат со меѓународно признат МОС сертификат. За оваа година, набавиме 500 испити од кои 450 MOS и 50 АCA. Со задоволство можам да констатирам дека од година во година е сѐ поголем бројот на средношколци коишто учествуваат на натпреварот и преку добивање на овој светски признат сертификат го валоризираат своето знаење. Во текот на изминатите години, Градот директно поддржа 1750 ученици овозможувајќи им бесплатно полагање на МОС испитите, но оваа наша пракса ќе ја продолжиме и во иднина со цел на што повеќе млади луѓе да им дадеме можност да се стекнат со овој сертификат.“ – изјавија од Град Скопје