Сара Мисајловска ќе ја претставува Македонија на светскиот натпревар во АЦА во Њујорк

0
96

По втор пат оваа година во Македонија се одржа Adobe Certified Associate (ACA) натпреварот, на кој се натпреваруваа средношколци од град Скопје. Во денешното финале, како најдобра се покажа Сара Мисајловска од Скопје. Победникот ќе ја застапува нашата држава во NewYork, САД на светскиот Adobe Certified Associate шампионат и ќе се бори за титулата најдобар ACA во светот. 

Светскиот ACA шампионат во организација на Certiport Inc, е глобално натпреварување кое ги тестира вештините за дизајнирање на учесниците преку Adobe Photoshop, Illustrator и InDesign. Најдобрите натпреварувачи ќе ги претстават своите земји на светското првенство, каде што ќе создадат дизајниран проект за избраниот непрофитен клиент на Certiport.

 

„АСА натпреварот по втор пат годинава се оддржа во Македонија, засега само на територија на Град Скопје, но следната година планираме да се прошири и на републичко ниво. Како што е случај со Microsoft Office Specialist натпреварот кој се одржува кај нас веќе 4 години, очекуваме и Adobe Certified Associate натпреварот да прерасне во традиција. Преку АСА проектот, сите заинтересирани млади кои сакаат понатаму да ја развијат својата кариера во креативната индустрија, имаат одлична можност преку овој натпревар да се докажат и да го истакнат својот потенцијал, во рамки на државата и на глобално ниво, како и да се стекнат со меѓународно признат сертификат. Честитки до победникот, му посакуваме голем успех на светскиот шампионат и да се врати во Македонија со титула.“ – изјави Марко Серафимовски, директор на CertiAdria.

Натпреварот се одржува по втор пат во Македонија, во организација на Certiadria, со поддршка од Семос едукацијa i Град Скопје.

Adobe натпреварот е наменет за млади лица на возраст од 13 до 22 години, односно за сите ученици од основните и средните училишта, како и студентите на факултетите. Учесниците на овој натпревар имаат можност да ги покажат своите вештини во познавање на Adobe алатките: Photoshop, Illustrator и InDesign.