Ручек за 15 минути

0
143

Посна паста

Состојки:

  • 400гр. тестенини без јајца
  • Конзервирана туна
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • Конзервиран домат
  • Босилек
  • Маслиново масло
  • Сол, бибер

Подготовка:

• Во поголем сад загрејте вода. Загрејте го маслиновото масло во тава и пропржете ги ситно исецканите лук и кромид.

• Кога ќе зоврие водата, ставете сол и додадете ги тестенините и гответе според упатството на пакувањето, 10-12 минути.

• Во тавата додадете ја туната, потоа исецканото доматно пире и зголемете ја температурата на огнот за да се крчка.

• Кога тестенините ќе бидат готови, зачинете ги со сосот, бибер и босилек, а потоа измешајте и сервирајте ги топли.

• Ако имате растителен кашкавал, изрендајте врз јадењето пред да сервирате.