Најпознатите туристички атракции, местата кои се наоѓаат на листата за посетување на секој патник не изгледаат толку совршено како што претпоставуваме. Еве ја другата страна на приказната, или реалната слика, одблиску…

  1. Таџ Махал

Таџ Махал е најпознатиот индиски споменик, сместен јужно од градските ѕидини на Агра. Изграден од страна на царот Шах Џахан кој владеел од 1627-1658 година. Всушност изграден како гробница во спомен на неговата трета и омилена сопруга Мумтази Махал, која починува на својата 39 годишна возраст при пороѓај на неговото четиринаесто дете, ќерка. Непосредно пред својата смрт го замолила царот како последна нејзина желба да изгради споменик во чест на нивната љубов. Тој го гради споменикот Таџ Махал, здание какво светот не видел дотогаш, граден 22 години, останува да важи за една од најголемите светски атракции.

  1. Доминиканска република

 

Чисто море, бел песок, палми и тиркизно плаво небо…ова е сликата која пред вас се створила помислувајќи на Доминиканска република, една од најомилените дестинации за летување кај туристите.

 

Доминиканска република е држава на Карибите, сместена на источната страна на островот Хиспањола а се граничи со Хаити. Овде можат да се видат дури 10 потполно различни национални паркови.

 

Всушност вака изгледа ова познато летувалиште: 

  1. Саграда Фамилија

Саграда Фамилија е најпознатата градба во Барселона, претставува незавршено уметничко дело на познатиот архитект Гауди, а имено е најпопуларна туристичка атракција.

Имено, фотографиите кои ги гледаме не го покажуваат правиот изглед на ова место, овој споменик се наоѓа во строгиот центар на градот и всушност изгледа вака:

 

  1. Тајланд

Овој тропски рај, всушност и не изгледа баш како рај. Како што може да забележите ѓубрето е главниот проблем со кој се справуваат мештаните.

        

  1. Пирамидите во Гиза

Свинга и познатите пирамиди во Египед важат за едно од светските чуда.

Преубави пејсажи кои најчесто ги гледаме по фотографии во реалноста носат друга слика. Димот и маглата кои се прават поради палењето на ѓубрето и големиот сообраќаен метеж чинат не толк совршен пејсаж.

  1. Теотивакан

Познат како градот со најголемите пирамиди на американскиот континент, сместен на 40 км од Мексико. Теотивакан или во превод “место каде човек станува бог“ или “градот на боговите“.

Пирамидата Сонце е втора по големина во Америка, но за жал ова здание денеска изгледа потполно запуштено.

Слика во прилог:

  1. Стоундхенџ

Градба која потекнува од неолитот и времето на бронзата, се наоѓа во Британија и

претставува споменик заштитен од УНЕСКО. 

 

 

Во живо изгледа вака:

  1. Опера во Сиднеј

Заштитен знак на Сиднеј е зградата на Операта. Модерна градба и симбол на речиси цела Австралија, отворена од Кралицата Елизабета II. Преубавиот поглед и водата околу зградата во реалноста изгледаат малку поинаку: