РАМСТОР МОЛ ГО ОДБЕЛЕЖУВА СВЕТСКИОТ ДЕН НА МИЛЕНИЧИЊАТА СО ФОТО КОНКУРС

0
35

По повод светскиот ден на миленичињата Рамстор Мол организира фото конкурс. Се што треба да направите е во периодот од 28.09 до 04.10 е да постирате слика од вашето милениче на Facebook страната на Рамстор Мол, во коментар на веќе наш објавен пост поврзан со светскиот ден на миленичињата. Дванаесетте најлајкувани фотографии ќе добијат вредносен ваучер од 500 денари кои ќе може да се искористат во продавницата Тина Вет лоцирана во Рамстор Мол. Добитниците ќе бидат објавени на 04 oктомври 2019 во 12 часот.

За време на оваа кампања ќе можете да ги искористите промоциите на производите за миленичиња во Тина Вет како и промоции на производите наменети за миленичиња достапни во рамки на маркетот во Рамстор Мол.

Одбележувањето на Светскиот ден за заштита на животните започнува уште во 1931 година во Фиренца на конференција на еколозите каде се предупедува за одредени загрозени животни. Оттогаш, овој датум прерасна во Светски ден за заштита на животните посветен на сите животински видови, а последните неколку години е проширен и на недела на заштита на животните која трае до 10 октомври.

Ве очекуваме сите заедно да го одбележиме Светскиот ден на миленичињата и да се вклучиме сите во заштита на животните.