ПРОМОВИРАН МЕГАПОПУЛАРНИОТ ДЕТСКИ ХИТ” ДНЕВНИКОТ НА ЕДНО ШМОКЛЕ”

0
74

Денеска, пред книжарница ТРИ во ГТЦ, се одржа оригинална промоција на мегапопуларниот хит „Дневникот на едно шмокле“ од Џеф Кини во издание на Издавачкиот центар ТРИ. Пред многубројната публика, младите глумци ја насмеаја публиката со забавна актерска игра при драматизација на делови од книгите, на кои пак публиката возврати со урнебесно смеење и огромен аплауз. Книги за деца, но смеење за цело семејство!

„Дневникот на едно шмокле“ од Џеф Кини е еден од најпродаваните и најпознатите серијали што го сакаат децата низ целиот свет, и тоа со добра причина. Познат е по возбудливите приказни, смешните илустрации и интересниот Грег Хефли, херојот со когошто секој од вас може да се идентификува. Серијалот „Дневникот на едно шмокле“ досега е продаден во над 200 милиони примероци во светот, има доживеано 65 изданија и е преведен во повеќе од 140 земји. А еве, сега и вие можете да го читате на македонски јазик!