Придобивки од оваа јога поза

0
201

Доколку никогаш не сте посетиле јога и неверувате на придобивките од неа, оваа навидум едноставна вежба ќе ве предомисли.

Легнете на грбот ослободете ја тензијата во грбот и потпрете ги нозете на ѕидот.

А придобивките се следниве:

Храната ќе ви се вари подобро

Оваа вежба го ослободува варењето, по активно практикување на оваа вежба, најверојатно и ќе ви се зголеми апетитот зошто варењето значително ќе ви се подобри.

Циркулација

Во горниот дел на телото ќе ви се забрза циркулацијата, со што ќе ви се намали отокот и ќе се олабави крвниот притисок.

Ќе завршите со болките

Поради зголемената циркулација, оваа вежба директно влијае на болните точки во организмот. Идеална прилика за вас да се решите од главоболката и болката во грбот.

Ќе се ослободите од стресот

Со опуштање на долниот дел на грбот директно ќе го ослободите умот. За да постигнете внатрешен мир, додадете и длабоко дишење и издишување, резултатот е ослободување од стресот и средување на мислите.

Истегнување

Вежбата е создадена за истегнување на мускулите, доколку останете посветени на оваа вежба во дневната рутина ќе забележите дека сте многу еластични.