Понудата на саемот е голема и разнолика, да ги задоволи и најстрогите критичари

0
1966

Заштитно лице кога се саемските промоции во прашање, Магдалена Хамбова, проект менаџер на Скопски саем.

1.Со вашата неуморна работа преминавте во заштитно лице на Скопски саем, кога и да ве видиме знаеме дека следи некоја атрактивна понуда. Од почетокот на Скопски саем досега поминаа трансформации а настаните на Скопски саем остануваат атрактивни, како успеавте во тоа?

-Најпрво да ви се заблагодарам за комплиментот заштитно лице на саемот. Не можете да не бидете истото кога покрај многуте манифестации кои ги организира Скопски саем  ја менаџирате најголемата и најатрактивна саемска манифестација Саемот за Мебел. Скопски саем има 72-годишна традиција во организацијата на успешни саемски манифестации и како бренд е препознатлив во регионот и пошироко. Да , навистина настанаа промени во однос на локацијата, меѓутоа во една прилика еден од излагачите ни рече “ Саем не е зградата, туку луѓето“. Тимски работиме сите, и мислам дека одредени промени нема да придонесат да трпи организацијата на саемски манифестации и во иднина. За 2 дена се отвора најголемата саемска манифестација 44. Меѓународен саем за МЕБЕЛ 2018, кој ќе се одржи на новата локација, на комплексот Вип Арена Борис Трајковски, во 3 ултра модерни монтажни изложбени објекти, во периодот од 09-14.10.2018 година.

2.Во пресрет на една од најпосакуваните манифестации “Саем на мебел“, која ќе се одржи во ВИП Арената Борис Трајковски, можеме да зборуваме за бројките на посетеност досега? Со оглед на тоа што самските изданија ги гледаме сега во СЦ Борис Трајковски, делуваше тоа на изложувачите и посетителите?

-На новата локација досега одржавме веќе 3 саемски манифестации: Технома, Градежништво и Саемот на книгата. Имајќи го големиот интересот за учество на овие саемски манифестации и посетеноста на истите од околу 30.000 посетители, може да кажеме дека промените многу не влијаеа врз организацијата на саеми.

3.Кога се изложувачите во прашање традиционално соседните земји секоја година се заинтересирани за саемските манифестации, но од година во година се зголемува бројот на македонски изложувачи?

-Со оглед дека индустријата на мебел е во подем во нашата држава, се отвораат многу фабрики и се јавуваат нови производители на пазарот расте и интересот за учество на саем. Сепак саемот е можност на едно место да се претстават новите модели, дизајни, форми, а нашите компании можам да кажам слободно дека го следат чекорот со светските трендови и дизајни во производство на мебел. Со тоа и интересот за посета на овој саем е толку голема, учесниците има што да понудат, а посетителите што  да видат.

4.По “Саемот за мебел“ уште три саемски изданија ќе ја заокружат годинава, кој ви се очекувањата?

-Да, по саемот за мебел, на истата локација во периодот од 24-28.10.2018 година ќе се одржат уште 3 саемски манифестации: Технома, Градежништво и Саемот за недвижности-Реалекспо. За разлика од саемот Мебел на кој доаѓа поширока публика, овие 3 саеми привлекуваат деловна публика и очекуваме и оваа година голем број на посетители, кои си се од овие бизнис дејности и секако задоволни изложувачи.

5.Имате можност да посетите и други саемски манифестации по светот, колку кај нас има можност за иновативност, зголемување на понудата, примамување на поголем број посетители?

-Менаџерскиот тим на  на Скопски саем практикува честопати во годината да ги посетува поголемите саеми во регионот и пошироко, со кои имаме одлична соработка. Ние сме и членки на најголемите саемски куќи во Евопа и светот, тоа се ЦЕФА( Централно европската асоцијација) и УФИ ( Светска Унија на саеми). Често пати се организираат средби, на кои со нашите колеги разменуваме корисни совети во врска со саемското работење и индустрија. И Скопски саем во 2015 година беше домаќин на 30 директори и претставници на најголемите саеми во Европа.

  1. Вашето искуство добро го познава македонскиот менталитет на потрошувачите, колку сме строги критичари? Тешко ли е да се задоволи на потрошувачката публика?

-Мислам дека понудата на саемот е доволно голема и разнолика,  така што може да ги задоволи и најстрогите критичари.Бројот на македонски компании кои произведуваат мебел од година во година станува се поголем. Покрај тоа, тие имаат да понудат и несекојдневен дизајн  и врвен квалитет. Публиката веќе ги препознава и ги цени, а нам ни е особено драго да ги има во поголем број и да имаат поголема продажба на самиот саем.

  1. Според кој параметри одлучувате за успешност на саемска манифестација, од која досега сте биле најзадоволни?

-За мене успешна саемска манифестација е доколку изложувачите се задоволни на крајот на истата, како што е организацијата од наша страна и посетеноста. Исто така и посетителите да се задоволни од понудата на саемот. Сепак посетителите сакаат да видат некои новини во поглед на технологијата, нови производни линии, информатиката…

  1. Кој ви се идните планови?

-Како проект менаџер на саем, морам да кажам дека навистина уживам во целата организација на истите, можностите кои ги нуди истата во однос со многубројните клиенти, контактите со нив, договарањето околу простор и начин на организација на изложбениот простор. Неможам да издвојам некоја манифестација од која сум задоволна. За мене сите се предизвик од година во година да направам се поуспешна манифестација. Претходната може да ми биде само појдовна основа, колку поуспешна можам да ја организирам следната.

  1. Работата со луѓе велат е најтешка, но контактите се живот…Колку Магдалена успевате да менаџирате со луѓето?

-Нескромно ќе кажам дека успевам да си ги изменаџирам секојдневните професионални обврски околу саемот, па и приватно. Секогаш имало и ќе има проблеми во контактите со луѓе, но мислам дека со позитивна енергија, насмевка и добра волја од двете страни, сите проблеми можат да се решат. Јас до сега само така можам да функионирам и успевам во тоа.

  1. Која е убава жена?

-Убава жена е онаа која пред се зрачи со насмевка, како однадвор така и од внатре на душата, секогаш со позитивна енергија и опкружена со убави луѓе. Убава жена е жена која знае да сака.