По 11 години во златен кафез, бившата сопруга на Роман Абрамович прозборе

0
739

Ирина Абрамович го даде своето прво интервју по 11 години од разводот со олигархот Роман Абрамович.

Бившата стјуардеса на компанијата Aeroflot, или позната по тоа што беше втора сопруга на Роман Абрамович, во своето прво интервју вели дека верата е таа што и помага во животот, но благодарение на алиментацијата која ја прима сеуште живее како останатите богаташи по светот.

Бившите сопружници се венчаа во 1991 година, нивната приватност секогаш беше многу чувана, и денеска не е јасно како Ирина се одлучила да даде свое интервју за руското издание на Татлер, во кој што пишува: “Ако постои идеален развод, тогаш тој е на Роман и Ирина Абрамович“.

Парот се разведе во 2007 година, деталите од нивната бракоразводна парница никогаш не се дознаа, тие еден за друг никогаш не кажаа лош збор во јавност. Во 16 годишниот брак добија 5 деца, кој што се во одлични релации помеѓу себе но и со своите полубрат и сестра, од третата жена на Абрамович.

Новинарите досега и нудеа безброј понуди, од кој и многу примамливи парични на Ирина да зборува за Роман, но таа никогаш не прифати. Денеска за себе 51 годишната Ирина Абрамович вели дека е многу горда мајка на своите деца и дека едноставно веќе несака да биде асоцијација “бившата жена на Роман“.

Најстарата ќерка, 26 годишната Ана, дипломирала филозофија на универзитетот во Колумбија, Аркадиј, една година помлад е успешен бизнисмен, 21 годишната Софија е заљубеник во коњите и е многу успешен јавач, а го заврши и “Royal Holloway University“ во Лондон. 17 годишната Арина го завршува колеџот и планира да студира зоологија во Австралија, а 16 годишниот Илја учи школо во Лондон.

Во интервјуто Ирина, открива дека таа и Роман одлично функционираат, особено кога се нивните деца во прашање. “Се трудиме да ги научиме на љубезност, сочуствување со другите и на работни навики“, вели Ирина.

Ирина и Роман се запознаа за време на лет, додека таа работела како стјуардеса. Останала без татко на две годишна возраст и всушност е порасната во дом за деца. За време на нивниот брак, Абрамович стана моќна бизнис и политичка личност во Русија. Благодарение на енормното богатство, тие секогаш живееа еден лагоден живот, и по разводот таа сеуште ужива во луксузот, патувањата по светот.

“Неможе да ме видите на социјаните медиуми, но може да ме сретнете во црква, на изложба, во музеј, театар. Вратата на мојот дом е секогаш отворена за пријатели, често организирам забави. Опкружена сум со луѓе кои ми се духовно блиски, со кој можам да делам интимности од својот живот. Дел од нив се познати јавни личности па знаат што значи да си ја чуваме приватноста“, вели Ирина Абрамович

На прашањето со што се занимава денеска, таа вели: “Со се што ме прави среќна, разговорите со Бог,децата,блиските пријатели. Ме интересира се што е поврзано со културата и станав собирач на икони“. Од друга страна нејзиниот сопруг, сега има и израелско државјанство, заинтересиран е за своите еврејски корени, додека Ирина го наоѓа својот мир во Православните цркви.

На крајот од интервјуто зборува за социјалните медиуми и зошто таа не е дел од нив.

“Ништо посебно не се случи, едноставно ги избришав моите профили, ми здосади луѓето да се интересираат за небитни работи, како на пример: кој фустан сум го носела, каде сум вечерала и кој ми се пријатели“.