Panthenol Extra кремите за лице – Вистинска магија за вашето лице

0
1884
Golden glitter background texture

Panthenol Extra е бренд кој има за цел да ја промени индустријата преку своите креми за лице со што ќе покаже и докаже дека грижата за жената, преку колекции за нега на лицето е нивен приоритет. Производите за нега на лицето на Panthenol Extra се производи богати со природни состојки и витамини за инстантно и моќно делување. Изборот е голем и можностите се бесконечни, а новите производи со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

Ви ја претставуваме дел од колекцијата за дневна употреба на креми за лице на Panthenol Extra достапна кај нас. Производи за нега на кожата на вашето лице со дополнителен фактор и хијалуронска киселина што претставува најефикасен навлажнувачки агенс, кој ослободува вода постепено и ја зајакнува влажноста на кожата и се докажано моќни во спречувањето на создавање на брчки.

Panthenol Extra крема за лице за дневна употреба со 24 часовно делување и заштитен фактор

Со редовно користење на Panthenol Extra дневната крема за вашето лице со активни состојќи ќе ја направи вашата кожа да изгледа фантастично. Оваа крема содржи хијалуронска киселина што претставува најефикасен навлажнувачки агенс, тој постепено ослободува вода и ја зајакнува влажноста на кожата. Содржи количество на Витамин Е кој има антиоксидантно дејство против слободни радикали, кои се одговорни за оштетување на клетките што доведува до предвремено стареење. Богата е со пантенол кој длабоко продира во кожата, ја навлажнува и го поддржува процесот на обновување на клетките. Она што е исто важно е што оваа крема има SPF 15 филтри кои обезбедуваат дневна заштита од штетното УВ зрачење.

Како да се користи: Нанесете мала количина на чиста кожа со нежни кружни движења сè додека не се апсорбираат целосно.


Panthenol Extra крема за против брчки за дневна употреба со 24 часовно дејство

Кремата за заштита од брчки на вашето лице на Panthenol Extra има активни состојќи со што вашето лице го прави нежно и отпорно на брчки и ја прави да изгледа брилијантно. Содржи интензивни својства против брчки и стареење, 24 часовна формула за дејствување со длабоко навлажнувачки дејства и ја одложува појавата на нови брчки.

Оваа крема за лице и очи која е докажанасодржи пептиди кои обезбедуваат ефикасен третман за враќање на нивото на колаген и избегнување на прекумерно оштетување на колагенот кај возрасна кожа. Тие успешно ги намалуваат брчките и нејзините линии и го одложуваат формирањето на нови. Пантенол кој е заштитна формула на овие колекции продира длабоко во кожата, ја навлажнува и го поддржува процесот на обновување на клетките. Хијалуронска киселина е најефикасен навлажнувачки агенс, тој постепено ослободува вода и ја зајакнува влажноста на кожата.

Како да се користи: Нанесувајте секој ден, наутро и навечер, на лицето, пределот околу очите и деколтето. Помага при успешна борба против постојните брчки и фините линии, како и за одложување на формирањето на нови.