Прекрасен мирис на облеката можете да постигнете со дополнителна употреба на омекнувач при перење.

Но една врста на ткаенина никогаш не треба да ја перете со омекнувач.

Станува збор за облека која во својот состав има повеќе полиестер. Таква е обично спортската гардероба, костумите за капење, хеланките и некој маици кои во составот имаат поголем процент полиестер.

Причината зошто не треба да се перат со омекнувач е поради тоа што полиестерот е поинаков материјал од останатите врсти на ткаенина па така треба поинаку да се третира. Омекнувачот на него делува само како премаз, неможе да продре во ткаенината, и останува само одозгора. А помеѓу ткаенината и премазот останува нечистотија и во тој случај ткаенината неможе да дише, ги задржува потта и нечистотијата.