Отворен Ресторан Мадера – нов простор, нова енергија, нова хармонија

0
754

Во присуство на голем број на гости во преубав амбиент и добра забава, вчера беше отворен новиот Ресторан Мадера во населба Илинден.

Ресторанот е стилски и еден од најубавите ресторани во околината на Скопје, кој нуди бегство и спокој надвор од секојдневните гужви и можност за уживање во врвна понуда на храна и пијалоци.  На менито на Ресторан Мадера ќе можете да најдете врвни специјалитети на јадења, мезиња, даски, бургери, а ќе има избор на голем број на квалитетни вина и пијалоци во кои ќе можете да уживате додека седите во преубавата градина.

За добрата забава по повод отворањето на Мадера се погрижи скопската рок енд рол група Асфалт, која воедно го промовираше и својот нов албум “Сума сумарум”. Имено овој албум е втор албум на групата Асфалт по првиот кој го издадоа пред 3 години “Време е за рок енд рол”.

Ресторан Мадера се наоѓа во населба Илинден, кај индустриската. За повеќе информации контактирајте ги на 070278741