Име и лик за кој не треба посебна најава. Таа е телевизиски лик, една од најнегуваните жени кои ги познавам но и горда, посветена мајка на 6 годишниот Андрија, за кој вели дека прави да се чуствува семоќна. Таа е Миа Костова.

  1. Тој “малиот“ од 4500 кг сега ќе биде прваче, ве чека нов предизвик со Андрија, подготвени?

-Тој малиот ми порасна со брзина на светлината. Искрено понекогаш не им верувам на очиве дека е мој и дека стасавме до школо. Подготвени тргнавме, зборувавме многу за училиштето, се спремавме иако сметам дека се навистина сеуште мали за таков предизвик ама како за сите така и за нас. Јас имам повеќе трема и вознемироност, тој не знаеше баш што да очекува. Му гледав страв и збунетост во очите ама мислам дека добро се снајде. Дури рече дека наставничките го потсеќале на оние од градинка што е добар знак. Се надевам дека ќе биде се добро и понатаму.

  1. Андија по твој стапки на добро познат твој терен, прваче во ОУ Песталоци, како ти му ги претстави твоите училишни денови?

-Кога одам низ ходници буквално се враќам 20 години наназад. Чувството неповторливо. Пресреќен е дека учи во школото на мама, а мама ги носи најубавите спомени баш од основно училиште. Пријатели кои ги гледам и ден денес.

  1. Храбра и решителна како за секоја одлука во животот,ќе речеш, одлучив да го родам Андрија и компелтно сама да се грижам за него. Карактерна особина е јачината, но како издржуваш?

-Немам рецепт за сила и издржливост. Кај мене важи она, што се мора не е тешко. Не се откажувам, не се враќам назад, не барам помош од дома, не се потпирам на никој, затоа што знам дека така треба и така мора. И тоа е единствената мисла која ме води. Се радувам кога знам дека со две раце сум направила едно среќно дете на кое не му недостасува буквално ништо.

4. Машките деца носат поинаков темперамент со себе. Мајката е онаа која има можеби главна улога во тоа едно мало дете во каков маж ќе израсне. Што мислиш за тоа?

-Мислам дека така е за било кое дете или личност. Неважно дали е машко или девојче. Децата сме ние. Повеќе учат од она што го гледаат отколку од она што им се зборува. Андрија е исклучително кроток, послушен и мирен. Не сум го воспитувала по книга, едноставно така ме учело времето и секако тоа дека сум го чувала и го чувам сосем сама. Без многу попуштање, со ред од многу мал до ден денес. Благгодарна сум и на кармата што го имам баш таков каков што е.

5. Сега од оваа дистанца на што тебе те научи Андрија, во што те претвори?

-Ме претвори во челична жена. Во човек кој може да заврши и 25 обврски во текот на денот. Ме претвори во жена која си го следи својот сон без оглед на коментарите и сугестиите од страна. Порано понекогаш ми пречеше што ќе кажат или што ќе мислат за мене. Денес, ништо не ми е важно освен тој. Не ми е важно како ме доживуваат, ама се радувам кога еден тон жени гледаат пример за храброст токму во мене. Ми пишуваат редовно, и тоа ми е доволно да сум задоволна со себе.

  1. Те запознавме и сеуште паметиме како Миа 99 , растеше и созреваше пред тв екраните, што вели твоето искуство, што недостасува на тв екраните?

-Јас бев и останав Бекстејџ во срцето засекогаш 🙂 Сметам дека токму тоа и недостига, убаво скоцкани и издржани естрадни магазини, ток шоуа. Се враќам многу многу скоро. Срцето ми е на место.

7. Неодамна прочитав дека дури 2% од женската популација се гледа себе како “убава жена“, зошто мислиш дека е толку мал тој процент?

-Затоа што жената не може да си се доживее убава ако не е среќна и задоволна со се не само физички. Брзо време, растргнати деца, несоодветни врски и бракови знаат и те како да бидат причина за незадоволство од одразот во огледало.

  1. Жените по 30 тата “расцутуваат“ народно кажано, се согласуваш дека 30 ката е пресврт за жената?

– Мислам дека секоја жена зрее во различно време. За некоја тоа е 30тата за некоја подоцна она што знам е дека зрелата убавина има некој посебен шарм.

  1. Убава жена….Која жена за тебе е убава жена?

-како што реков погоре, тоа е онаа жена која е задоволна сама со себе. Жена која се има остварено онаму каде што таа сака. Може да е среќна и без емотивно да е исполнета. Може да е среќна со професијата и пријателите со децата или патувањата. Ако е мирна спокојна и исполнета неминовно е да е и убава. Таа жена се грижи за себе, ужива во себе и диши со полни гради. Тоа е убава жена.