Нега за своето тело: Како да се изборите со стресот?

0
436

Единствен, најлесен начин да се изборите со стресот е на научите да се опуштате.

Родителството, кариерата, секојдневните обврски, финансиите, социјалните мрежи…постојано сме во трка со времето. Неспорно е дека секоја индивидуа е излошена на голем стрес, секојдневно, но забораваме колку може да ни го наруши здравјето.

 

Да споделам неколку совети со вас, како да се опуштиме?

  1. Магнезиумот е магија

Магнезиумот помага телото да функционира нормално, овој минерал е потребен за повеќе од 600 функции на метаболизмот, многумина го немаат доволно во.

Но, најважно е што на нашето тело му е потребен магнезиумот, така би се ограничило производството на хормонот на стрес. Важно е да се внесува доволно магнезиум преку храната, 300 милиграми за мажи и 270 милиграми за жени. Намирниците кој се богати со магнезиум се: спанаќот, орасите, рибата, месото и кафеавиот ориз.

  1. Спијте доволно

Знаеме дека треба да се спијат по 8 ч, но животниот ритам ни наложува помалку часа сон. Лекарите советуваат строго забрането е внесување на телефон во кревет, пред спиење е потребна топла бања, добра книга,музика која ве опушта…

  1. Моќта на билките

Што повеќе воздух во природа е најубав начин да се ревитализира телото, но и билките во домот исто така можат да помогнат. Со нив ќе го прочистите и воздухот во домот.

  1. Џвакајте мастика

Ова не е шала! Џвакањето помага во регулирање на дишењето и со тоа го смирува телото и го намалува стресот.

  1. Одмор од електрични уреди

Ако сте од оние, кои речиси преку целиот ден сте со телефоните во рака, морате да ставите граница, зошто директно штетите на очите, мозокот. А една неодамнешна студија од Гетебург, покажала дека телефонот е главниот причинител на стрес, депресијата, анксиозноста. Најдобар начн преку работниот ден е да се одмарате од електрични уреди, правете паузи, па потоа продолжете. А во креветот тргнете го телефонот, да може мозокот да се одмори и подготви соодветно за утрешниот ден.

  1. Почастете се

Ако со денови сте биле под стрес поради одредени причини, почастете се масажа-телото ќе ви биде благодарно.  Или напрајте си а себе топла купка, миризливи свеќи ќе го надополни амбентот, и уживајте.

  1. Време е да си најдете свое хоби

Хобито дефинитивно ќе ве тргне од електричните уреди и ќе ја спречи анксиозноста.

  1. Дружете се со пријатели

Љубовта секогаш прави да се чувствувате подобро, поминувајте време со луѓе кои ги сакате- партнерот, семејството, пријателте. Најдобар начин да се изборите со стресот.