На кои работи се сеќавате од детството?

0
618

Дали се сеќавате како вашата мајка го гледаше татко ви, куќната атмосфера, школските претстави на кој доаѓаа вашите родители, летувањата, зимувањата…Голем дел сте заборавиле но постојат слики кои се врежуваат во главите за цел живот. Сетете се на нив, кога ќе имате свое дете, како тие ве доживуваат вас. Според психолозите еве што паметиме засекогаш:

Искуствата и авантурите кои ги доживуваме како семејство:

Искуствата и дружбата ги зближува и сплотува семејствата. Вашето дете нема сигурно да се сеќава на секоја играчка која ја добил или каков сладолед јадел, но ќе се сеќава на моментот кога сте биле заедно да јадете сладолед и сте се забавувале, сте се смееле.

Позитивните мисли кои ги слуша од вас:

Децата за да се чувствуваат посебно треба да ги обливате со позитивни и убави зборови. Како: “Се гордеам со тебе“, “Ти си прекрасен“, „Ти си мојот најдобар другар“ итн. Она што е заедничко за овие мисли што тие упатуваат на добри и позитивни карактеристики на детето, доколку така зборувате со него од мали нозе во главата му врежувате позитивно чувство за себе а не негативно.

Моментот кога ќе го оставите телефонот и ќе се посветите на детето

Во денешно време напредната технологија не обзема, често се случува посебни моменти да ги пропуштиме зошто сме биле зафатени на телефон. Но, кога на детето ќе му посветите внимание оставајќи го телефонот, ќе му дадете до значение дека вашето внимание е насочено исклучиво кон него.

Како сте се понеле со тешки ситуации:

За децата родителите се вистинскиот пример низ животот. Кога ќе дојдат тешки ситуации, како борба со болест, борба за подобар живот итн. Тие ќе се сеќаваат на начинот на кој сте го прифатиле животот, како сте зборувале за тоа што се случува и како сте се бореле, најмногу на вашите реакции.

Начинот на кој вие и вашиот сопруг се однесувате кон околината:

Децата постојано учат од вас. Така и кога зборувате за некого, добро или лошо, начинот на кој комуницирате со пријателите, со познаниците, со соседите, повозрасните. Буквално ќе пресликаат се од вас. Затоа обидете се на детето да бидете најдобриот пример.

Кога не сте биле тука за детето

Иако на прво звучи негативно, но има и позитивна нота. Лесно децата ќе се сеќаваат на моменти во кој не сте биле до нив, тоа е во ред и е составен дел од растењето, едноставно е невозможно да сте постојано до нив. Но и децата ќе се сеќаваат на првиот пат кога не преспале со вас. Тоа се работи кој ќе ги пораснат и направат самостални луѓе.