Млеко во исхраната на децата: Кое,Како и Кога?

0
1376

Млекото е едно од најважните и најпотребни намирници во исхраната кај децата, нема забуни дека е така. Но, треба да водиме грижа за изборот на млеко. Најголема грижа и често поставувано прашање е: со што да се започне како дохрана на детето, кој облик на млеко.

Нутритивните потреби за здраво растење, до 6 месечна возраст, во потполност ги задоволува мајчиното млеко, но во случаи и адаптираното млеко.

Хипократ 400 год п.н.е. рекол: “Млекото е најсовршената природна храна“.

Со навршување на шестиот месец, односно 26тата недела од животот на детето треба да е започне со дохрана, доколку предходно главен извор на храна било мајчиното млеко.

Изборот притоа на намирници зависи во најголем дел од климата, културата и прехрамбените навики на општеството.

Мала количина, за подготовка на каши, може да се дава со навршени 7 месеци, но не се препорачува поголема количина за пиење на кравјо млеко се до навршување на 1 година, дури и подоцна.

Во голем број на земји се препорачува да се воведе кравјо млеко минимум со навршување на 1 година, а пак педијатрите од Канада, Шведска и Данска препорачуваат воведување на кравјо млеко помеѓу 9 и 10 месеци.

Голема внимателност е резултат на чести негативни последици на воведување кравјо млеко, како основа на млечен напиток. Пред се поголема количина на кравјо млеко може да намали внес на мајчино млеко а да предизвика анемија или во екстремни случаи и крварење во системот за варење.

Составот на кравјото млеко се разликува од составот на мајчино млеко, праксата покажала дека децата кои не се хранеле со мајчино млеко или адаптирано млеко туку со кравјо не добиваат доволно витамин Е, железо, цинк и есенцијални масни киселини, а добиваат премногу протеини, натриум и калиум, што ги оптоварува нивните органи за варење и бубрезите.

За подготовка на кашите најдобро е да се користи млеко какво што детето конзумира, мајчино или пак адаптирано.

По препораките на Светската здравствена организација, децата на таа возраст, по 6 месеци, им е потребно два млечни оброци за задоволување на потребите на калциум, или од 400 до 500 милилитри.

Козјото млеко: нема поголеми нутритивни вредности од кравјото млето, туку неговата предност е во поголемиот состав на масни киселини, кои подобро се абсорбираат. Треба да се има на ум дека козјото млеко е сиромашно со фолна киселина, и кај децата кои често или ексклузивно се хранети со козјо млеко се јавува метаболична анемија.

Овчо млеко: има голема количина на протеини, 6 пати повеќе од мајчиното, калциум и останати минерали, поради што не е препорачано за деца.

Битно е да се напомене дека количината на млечни производи мора да биде ограничена на дневна основа, поради тоа што може да предизвика слабо качување на тежина, анемија или запек.