Македонија ја прославува Светската недела на вселената

0
473

Годишната прослава на Светската недела на вселената во Македонија започнува денес, со темата “Вселената го обединува светот”. Целта на овој настан на глобално ниво е да се стави акцент на придобивките од вселенските истражувања спроведени во текот на изминатата година за решавање на предизвици на планетета земја и во вселената.

“Секоја година од 4 до 10 октомври луѓето од целиот свет се собираат за да ги прослават достигнувањата во истражување на вселената, и да ги едуцираат и инспирираат младите”, велат локалните координатори на Светската недела на вселената во Македонија, Марина Таневска и Дора Локвенец

Во оваа иницијатива изминатата 2017 година, се вброија 3.700 настани во 80 земји, меѓу кои и Македонија, а оваа година се очекува бројот на настани да е уште поголем.

Овогодинешните активности на Неделата на вселената во Македонија вклучуваат неколку предавања и работилници за деца од различни возрасти и посета на мегалитската опсерваторија Кокино. Во текот на наредните 7 дена, на официјалната фејсбук страница ќе можете и да научите интересни факти за вселената, како дел од серијалот на објави #ДалиСтеЗнаелеДека.

Ги повикуваме сите вљубеници во вселената и небесните тела да се вклучат во иницијативата и да ги посетат настаните кои се подготвени оваа година за заедно, уште еднаш, ја одбележиме оваа Светска недела на вселената.