Мајки кои создадоа револуција!

0
9812

Три мајки создадоа револуција! Променувајќи го начинот на балкански појадок, “пржени лебчиња“ разбудувајќи ја инспирацијата за сите млади мајkи да создадат нови правила, за доброто на нашите деца! Тоа се Весна Ѓурковска Каеска, Ирина Наков и Елена Петковска.

1. “Здрава храна, здрави деца“ е мотото под кое се создаде едно голема револуција, свесни ли сте колку го променивте начинот на живот во поглед на ихраната?

Елена: Иако можеби ќе звучи нескромно, но да, свесни сме дека придонесовме што повеќе родители да не следат во патот на здравата исхрана. Секако дека без членовите и нивните секојдневни идеи за здрави оброци, нутриционистите Маја и Надица кои несебично одговараат на секоја дилема, др. Митов, и самата наша желба и несебичност кога станува збор за одвоеното време, немаше да стигнеме до ова интервју денес. И се разбира, многуте медиуми кои не поддржуваат секогаш.

Весна: Се надевам дека е така. Промените се важни и за возрасните, а особено за децата. Ако нашата група стана синоним за револуција, тогаш сме направиле вистински важна работа 🙂

2. Како се создаде “Здрава храна, здрави деца“?

Елена: Преку ноќ, и се јавив на Ирина и ја прашав дали сака ние да направиме група, но малку поинаква од веќе постоечките, да имаме ред, правила, да споделуваме информации кои ќе бидат корисни за сите. Весна, иако никогаш дотогаш не се имавме сретнато во живо, ги имаше нашите симпатии заради истите сфаќања по тоа прашање и така, трите, успеавме да направиме група која важи за доста сериозна и прифатена од родителите.

Ирина: Трите бевме неискусни мајки кои бараа “вистински” начин како да ги храниме наште први бебиња. Не бевме задоволни од советите кои ги добивавме од специјалистите, а особено не од некои од групите за исхрана на деца кои во тоа време беа доста активни. Решивме да создадеме наша група со која првенствено ќе си помогнеме на себеси, а потоа и на останатите родители. Од самиот почеток сакавме таа грпа да функционира со одредени правила, а со тоа и да се одвоиме од останатите. Но никогаш не помисливме дека групата ќе прерасне во тоа што е денес, ниту дека ние ќе се развиваме во насоката по која се движиме во моментов.

3. Тешко ли беше прифатена промената на “традиционално“ во “модерно“, подготвување и избор на намирниците?

Елена: Не, затоа што, особено јас и Ирина, не ги избегнуваме традиционалните оброци кои се белег на македонската кујна, туку ги прилагодуваме и ги подготвуваме за да бидат здрави. Иако се уште се соочуваме со „нас како не растеле, што ни фали“, држиме до тоа дека треба да ги искористиме сите здрави намирници иако некои не се „наши“.

Весна: Мене лично не, заради тоа што јас сакам да пробувам поинакви вкусови, не се плашам од експерименти и брзо ми здосадува едноличната храна. Менито пред децата и не ми беше толку поинакво од сегашното. Најважно е да менуваме навики кои водат во подобра насока.

Ирина: Мислам дека секое време си носи своја модерна кујна, но и дека традиционалната секогаш се применува. Секогаш има членови кои “слепо” се држат до традиционалното, но и такви кои сакаат да пробуваат нови вкусови. Тука нема мерење и нема правило која е вистинската храна. Ние секако не протежираме одредена кујна, туку сакаме да бидеме разновидни. Да има за секој по нешто.

4. 33,586 мајќи ве читаат секојдневно како библија и терк по кој треба да ги гледаат децата, од стартор на “Здрава храна, здрави деца“ досега, какви ви се впечатоците, можете да класифицирате типови на мајки?

Елена:Ххахаххаа, па да, веќе знаеме по коментарите и постовите какви се нашите членови. Не би рекла дека ние сме тие кои кажуваат како родителите треба да ги хранат децата, но затоа сме доста строги за тоа што е дозволено да се постира во групата. Нашата цел и идеја е да го доближиме здравиот начин на исхрана, како обични мајки, кои истовремено и работат и чуваат деца како 90% од нашите членки и дека таквиот начин на исхрана ниту одзима посебно време ниту чини финансиски повеќе од вообичаено.

Весна: Има сé повеќе родители кои менуваат начин на исхрана и прифаќаат здрави оброци. Има и такви кои се служат само со рецепти, а и такви кои не сакаат поинаку. Наше е да продолжиме да мотивираме.

Ирина: Хахах Библија. Ова е одличен комплимент. Морам да напоменам дека имаме и татковци во групата, но и членови кои не се родители, а се грижат за здравата исхрана. Би ги поделила на членови кои навистина се залагаат за здрава исхрана нив и нивните деца. На членови кои пред да дознаат за нас не ни помислувале на здрава исхрана, а со нас го смениле менито на целото семејство. Има членови кои се тука само за размена на рецепи и идеи и не се заинтересирани да научат нешто повеќе, но и такви кои се само набљудувачи. Секако ние сме тука само за нив и секогаш ќе се труиме да помогнеме на секој член.

5. Се залагате и застанувате зад “Доењето“ како исклучително важно, сметам дека и тука прекршивте многу стигми, и браво, но сеуште општството не ни е комплетно ослободено, до кај сме?

Елена: Секако дека сме ЗА доење и сме огромни поддржувачи. Едноставно тоа е нешто природно и нормално што не ни размислувам дека треба нешто друго освен мајчино млеко за бебе. Но денес, во ера на лажни вредности и страшно платен маркетинг, сфаќам дека она што ни овозможило да опстоиме како вид е ставено под знак прашалник поради милијардите кои ги носи пазарот со адаптирано млеко. Потоа застарените и несоодветните совети од голем број на педијатри, стручни лица, гинеколози, се тоа придонесува, денес во 21 век, на толку достапни информации што значи мајчиното млеко, да се соочуваме со бројка која е поразителна кога станува збор за доени деца. На крај, поддршката од најблиските, околината, лошите совети, коментари и осуди, ја дополнува бројката на бебиња кои се на адаптирано млеко. Разочарувачки е кога ќе прочитате мајка како осудува мајка која дои јавно, дека треба да се покрие, да се крие по тоалети, да седи дома! Страшно. Јас, како мајка која доела 2 деца, секогаш ќе бидам за доењето и неговата поддршка, но не сакам да ги судам мајките кои користат формула. Сакам да го споделам искуството и знаењето и да помогнам да имаме што помалку мајки кои трошат големи финансиски средства за нешто кое е бесплатно, здраво, незаменливо.

Весна: Доењето е првата храна на новороденчето, идеална за секое. Ние секојдневно помагаме несебично на мајки кои наидуваат на потешкотии при процесот, воспоставување на лактација, секојдневно охрабруваме мајки да дојат што подолго. Заедно кршиме табуа и предрасуди од типот “доењето после година нема смисла” , “уште ли го доите, па големо е детето”, ” моето млеко е слабо” и сл. Зголемениот број на мајки кои дојат и покрај препреките охрабрува за понатамошни битки 🙂

6. Влеговме во периодот на “старт“ на настинки, кој се главно советите кој ги делите периодов, сеуште ли важи светото тројство “кромид,лук,праз“?

Елена: Да, баш е време за подобрување на општата здравствена состојба кај најмалите, иако пролетта е пострашна секогаш од есента. Летото е време кога имаме изобилство на свежи овошја и зеленчуци, а и сонцето и витаминот Д и верувам дека сите од нас се потрудиле да ги искористат придобивките на природните витамини. Имаме многу природни препарати кои го подобруваат имунитетот: мед, аронија, брусница, цимет, ѓумбир, свежи сокови од портокал и лимон…Сите се познати по своето дејство и се одлични за децата.

Весна: За мене стално важи тоа ( хахахаха ). Растечените носиња се неминовни периодов. Многу вода, сезонско овошје и зеленчук, сонце, воздух и добар сон.

Ирина: Секако дека ги користам овие намирници, но во моментов имам друг хит. Матичен млеч со мед и прополис. Одушевена сум од резултатите кај син ми како го штити од болести или го лечи кога е болен. Покрај тоа користам и нешто што е помалку познато кај нас, а е доста ефикасно. Цимет и ѓумбир. Се обидувам да ги користам во што повеќе оброци во овој период на настинки.

7. Како млади мајки што ќе советувате за сите дечиња кои идат во градинка, на што треба да внимаваме во исхраната кога ќе ги земе дома?

Елена: Јас штотуку ја започнувам таа приказна, па ќе видиме како ќе биде секојдневието, но бидејќи сите исто се храниме, ќе продолжиме така, односно здрави оброци за сите.

Весна: Многу од градинките имаат затворен тип на активности. Затворен простор. После градинка, надвор. На улица, на трчање. Тоа е исклучително важно за секое дете. Исхраната после градинка треба да биде дополнување на нешто што дента не било конзумирано.

Ирина: Се сложувам со Весна. Воздух, сонце, витамини од свежо овошје и зеленчук се тоа што им е потребно кога че излезат од градинка.

8. Започнавте со книга, но дигиталната современост и опсесивност во денешно време ја збогативте со апликацијата која по мене треба да ја овозможите и за I-Phone :-), богата со рецепти еден убав рачен прирачник, водич би рекла при секое пазарење, имате ли наредни планови?

Ирина: Кај нас беше малку обратно. Најпрво ја лансиравме апликацијата, но нашите поддржувачи и корисници сами ја наметнаа идеата за книгата. Па се обидовме да ја задоволиме и таа нивна желба 🙂 А прашањето за IOS секогаш е прво на список, но за жал во моментот не сме во можност да ја реализираме таа желба. Креирањето на IOS апликација, но и одржувањето на истата носи големи трошоци кои во овој период не можеме да ги си дозволиме. Како што знаат тие што не следат, андроид верзијата ја израбти и ја одржува мојот брат, Александар Јордановски, а тоа го прави од љубов, исто како нас 🙂

Елена: Да :-). Иако годинава имавме едно затишје, оправдано, затоа што моравме малку да одмориме, сега подготвуваме нов проект кој се надевам набрзо ќе го видите.

9.Неодамна се одржа “Helth, Fitness&Wellness Expo“, имавте интересен начин на дружба со најмладите но и многу мајќи беа околу вас, кој се импресиите, кое е омилено јадење на најмладите?

Ирина: Искрено не знаев што да очекувам, со оглед на тоа дека прв пат учестуваме на настан од ваков тип. Одушевена сум од организацијата и посетеноста. Детскиот корнер беше преполн со деца и родители. Сите беа акивни и зинтересирани да научат нешто плус. Организиравме мала анимација за децата. Го цртаа своето омилено јадење, играа меморија, дегустираа здрав домашен крем. Сите дечиња ги прашавме кое е нивното омилено јадње. Одушевена сум од од одговорите на сите. Компир манџа, грав, банана, јагоди, тава ориз… Храна што се подготува во домашната кујна. За вакви одговори живееме

10. Која според вас е убава жена?

Елена: Онаа која е среќна и задоволна од себе и својот живот. Џабе убав изглед, скапа гардероба и совршена шминка, ако пред легнување солзите, тагата, незадоволството ги покријат атрибутите кои обично важат за убава жена. Мислам дека е излишно да кажеме дека среќната жена блеска, дури и кога е исцрпена од работа, деца, домот и сите обврски кои ги носи секојдневието, ама така e!

Весна: Секоја жена која не се обидува да биде убава на начин несвојствен за неа. Личниот печат е уникатноста на секоја жена. Тоа ја прави убава 🙂

Ирина: За да биде убава една жена, треба таа да се чувствува убаво во сопствената кожа. Среќна, задоволна, самоуверена и своја. Тоа е убава жена.