Мафини без брашно

0
269

Мафините се прават многу лесно за половина час, само во блендер. Без брашно, лесни и вкусни ќе станат омилена верзија на мафини.

Засукајте ракави, еве што се ви треба:                        

200 гр овесни снегулки

2 зрели банани

2 јајца

300 гр грчки јогурт

Пола лажичка прашок за пециво

Пола лажичка сода бикарбона

3 лажици мед

Пола лажичка екстракт од ванила

Многу малку сол

Може да додадете:

Цимет со парченца јаболка

Чоколадо со бадем

Малини

Боровинка

Припрема:

Спојте ги сите состојки во блендер и блендирајте се додека не добиете хомогена смеса, загрејте ја рерната на 200 степени и ставете ги корпиte со смесата(би требало да излезат 12 мафини).

Печете на 200 степени oколу 15 минути, или едноставно проверите со чачкалица, забодете ја во мафинот и доколку ја извадите чиста, тогаш се готови.

Добар апетит.