Љубовни цитати за “Денот на вљубените“

0
53

Денес не заборавајте да му кажете на партнерот колку сте вљубени во него и дека неговата љубов навистина ви дава крилја. Доколку ви е потребна помош, во продолжение погледнете некои од најубавите љубовни цитати што можете да му ги испратите на партнерот.

„Ако живееш сто години, сакам да живеам еден ден помалку за да не морам да бидам без тебе.“ – А. А. Милн

„Се сомневам дека ѕвездите сјаат. Се сомневам дека сонцето се движи. Се сомневам дека вистината е лага. Но никогаш не се сомневам во љубовта.“– Вилијам Шекспир

„Љубовта ќе пронајде пат таму каде што на волците им е страв да ловат.“– Лорд Бајрон

„Прегратката е измислена за луѓето да можат да си покажат едни на други колку многу се сакаат, а да не мора да кажат ништо.“ – Бил Кин

„Не шепна во моето уво, туку во моето срце. Не ги бакна моите усни, туку мојата душа.“ – Џуди Гарланд

„Љубовта е нашата вистинска судбина. Смислата на животот не ја наоѓаме сами, ја наоѓаме со другите.“ – Томас Мертон

„На срцето не му се суди според тоа колку сака, туку според тоа колку други го сакаат.“ – Френк Морган

„Ако сè што имаш е насмевка, дај им ја на луѓето што ги сакаш.“ – Маја Анџелоу