Конечно, започнуваме преговори со ЕУ

0
12

Еврoпската Унија денеска донесе одлука за почеток на преговорите со Македонија.

Веста на „Твитер“ ја соопшти еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

„Задоволен сум што земјите членки на ЕУ постигнаа политички договор за отворање преговори со Албанија и Северна Македонија. Им честитам на двете земји. Со ова е испратена силна порака за Западен Балкан: вашата иднина е во ЕУ“, напиша Вархеји.