Колку време е дозволено храната да се чува, а да не се расипе?

0
112

Полната и богата трпеза особено во периодот на празници не секогаш успеваме да ја изедеме, што е со храната што останува? Труењето со храна може да го влоши вашето здравје, како и празничниот одмор и расположение. Прочитајте колку време можете да ја чувате храната по подготовка и на кој начин…

Последиците од труењето со храна можат да бидат многу непријатни, дури и опасни затоа обрнете внимание на правилно чување, како и на мирисот и изгледот на храната која нема да се изеде во првите два дена, предупредуваат нутриционистите.

Често е тешко да се процени колкава количина храна е доволна за семејството кое се собира на празничната трпеза, па најчесто се претерува во подготовката. Затоа е важно остатоците од храната да се чуваат на правилен начин за да целосно бидат сигурни за повторна консумација.

-Храната е подложна на расипување на температура меѓу 5 и 6 степени. Овие температури се најпогодни за развивање на микроорганизми, па храната треба да се стави во фрижидер или замрзнувач најдоцна два дена по јадењето, советуваат нутриционистите.

Најчесто на празничната трпеза се наоѓа сарма, месо, руска салата, пити, чорба. Важно е да се знае дека сармата е најотпорна, но секако и таа има свој рок на траење.

Сармата треба да се чува во фрижидер и да се изеде во период од 3 до 4 дена. Се препорачува подгревањето да биде само на количина доволна за оброкот и задолжително да проврие. Може да се замрзне и да се чува до 4 месеци.

Свинското и останато месо, треба да се изеде во првите три дена. Рибата е подложна на расипување и не треба да се јаде подолго од две дена.

Микроорганизмите испуштаат токсини кои не се уништуваат со термичка обработка.

Еднаш одмрзнатата храна не треба да се замрзнува повторно.

Кремастите салати не е добро да се замрзнуваат, бидејќи меѓу другото содржат мајонез.