Колку му е потребно просечно на еден Македонец за еден месец?

0
14

Според некои пресметки кои ги правеше нашиот тим пред неколку месеци, на еден македонец, просечно во текот на еден месец му се потребни 29,350 денари за оние основни трошоци. Ова е некоја груба сума која според нас е потребно на една фамилија.

Просечната плата кај нас изнесува 24,517 денари, а на еден македонец, месечните трошоци изнесуваат повеќе. Секојдневно се соочуваме со поскапување на производите од типот на цигарите, овошјето, горивата, и другите прехрамбени производи.

Според ова можеме да заклучиме дека најголемиот дел од буџетот на еден македонец оди за прехрана и за режиски трошоци, што значи дека останува еден мал дел за оние други работи кои би сакал да ги направи еден човек.