Колачи со мед за среќа.

0
329

Традиционално секоја година за православниот празник Василица се прават Василици- колачиња со мед за кои се верува дека ако се јадат за Стара Нова Година, ќе ви донесат среќа, и бериќет во текот на годината.

За овој стар рецепт кој се пренесува од генерација на генерација потребни се:

600 гр. брашно

25 свеж квасец

1 лажиче сол

1 јајце

3дл млеко

250 гр маргарин

мед за премачкување

Начин на подготовка:

Се мешаат во сад брашното со квасец и сол и јајце, па млако млеко.

Измесете тесто, премачкајте го со третина од маргаринот и преклопете го како лиснато тесто, па нека нарасне.

Повторете ја постапката уште 2 пати додека има маргарин.

Направете тесто со дебелина на прст и ставете го во тепсија, па исечете коцки.

Печете на 180 степени.

Василиците премачкајте ги со мед.