Кој се најбогатите жени на светот

0
70

1 – Франсоаз Бетенкур Мејерс

Вредност: 49,3 милијарди долари

Која е таа: Француска наследничка на компанијата L’Oréal, која заедно со нејзиното семејство поседува 33% од оваа компанија. Покрај тоа, Франсоаз е и авторка на неколку книги за грчки богови и еврејско-христијански односи.

2 – Алис Волтон

Вредност: 44,4 милијарди долари

Која е таа: Алис има 69 години и е ќерка на Сем Волтон – основачот на американскиот ланец на супермаркети наречен Walmart. Таа, за разлика од нејзините браќа, се оддалечи од компанијата и почна да се занимава со уметност.

3 – Мекензи Безос

Вредност: 35,6 милијарди долари

Која е таа: Таа е родена во Калифорнија, има 48 години и само што стави крај на 26-годишниот брак со Џеф Безос, основачот на Amazon. Има објавено неколку книги кои наидоа на одлични критики, а ја основа и добротворната организација Bystander Revolution.

4 – Жаклин Марс

Вредност: 23,9 милијарди долари

Која е таа: Жаклин има 79 години и поседува една третина од компанијата Mars, која е најголемиот светски производител на слатки. Луѓето кои добро ја познаваат ја опишуваат како филантроп, а таа меѓу другото е и член на Националната архива на САД.

5 – Јанг Хуијан

Вредност: 22,1 милијарди долари

Која е таа: Оваа 37-годишна Кинезинка поседува 57% од компанијата Country Garden Holdings, која „процвета“ во бранот на експанзија на кинеските градежни компании. Јанг има дипломирано на универзитетот во Охајо, а поголемиот дел од нејзиното богатство го должи на компанијата, која ја наследи од татко ѝ.