Кога детето огладнува пред спиење, што да вечера?

0
630

Повеќето деца пред спиење  ќе ви побараат грицки кои ќе ја зголемат активноста пред спиење. Потребата за јадење пред спиење може да се јави и ако вечерата била порано, неколку саати пред легнување во кревет.

Планирајте го оброкот да не биде под 45 минути пред спиење, на овој начин ќе бидете сигурни дека храната се обработила во стомачето на детето. Добрата вечерна ужина треба да соржи јаглехидрати и протеини. Јаглехидратите ќе го подпомогнат производството на сератонинот, а протеините ќе го задоволат детскиот глад.

Хранлива вредност на вечерната ужинка:

Здравата ужинка пред спиење ќе го надополни пропустот во текот на денот. Затоа е особено важно да се планираат оброците особено кај децата во развој. Пример: Ако детето не јадело кисело млеко, тогаш дајте му го за вечера и осигурајте доволен внес на калциум.

Вечерата која е богата со тритофан полесно ќе му донесе сон на детето. Триптофан или амино киселина го потикнува сератонинот или хормонот на среќата, а сератонинот го потикнува мелатонинот кој всушност го регулира сонот. Тоа е таа циклусна добитна комбинација. Најдобро е кога триптофанот се комбинира со јагленихидрати. Добриот извор на триптофан е живинско месо (пилешко, мисиркино), помасните риби (лосос, туна, харинга, сардина) исто така и јаткастите плодови.

Не заборавајте да внесувате магнезиум и калиум. Магнезиум е минерал кој помага во смирување и релаксација на нервите и мускулите. Калиумот од друга страна му помага на магнезиумот во овој процес.

Предлог за вечера:

-сендвич со мисиркино месо: парче леб со малку путер и едно парче мисиркино

-јајце и тост

-парче леб со урда

-пита со вишни или цреши, тие природно содржат мелатонин, со чаша млеко доколку пие млеко

-овесна каша е јаглехидрат кој одржува глад, што е важно пред спиење.

-чаша топло млеко со какао исто така ќе обезбеди лесен сон.