Каков подарок доби Путин од Вучиќ?

0
74

Рускиот претседател кој е во посета на Србија, денеска доби неочекуван подарок од неговиот српски колега, Александар Вучиќ.

Станува збор за куче од расата шарпланинец кој му бил врачен на Путин во Палатата Србија.

Шарпланинецот има сериозно педигре генерации наназад.

На рускиот претседател многу му се допаднал подарокот и рекол дека е „кучето е преслатко“.