Како успешно да дисциплинирате тинејџер?

0
977

Дисциплина која се заснова со закани и казни, нема ефект особено кај тинејџерите. Тинејџерите треба да бидат сослушани, да имате трпение кон нив. Имајте на ум, дека секој нивен револт е резултат на прикриено, внатрешно незадоволство или проблем.

Тоа е црвен аларм дека нешто треба да се реши. Верувам ќе се согласите дека проблемите се решаваат со внимание, трпеливост и активно делување, преку разговор. Ако вашето дете е јак карактер, веќе ви е јасно дека неможете да го контролирате, колку и да се обидувате. Тоа што можете да го направите е да го насочите детето да соработува со вас, да управува и да контролира со своите емоции. Но како да се постигне сево ова:

Обраќајте им се со почитување

Викањето не е решение за ништо. Ако вие викате и вашето дете ќе вика, зошто вие сте модел по тоа како треба да се однесува.

Фокусирајте се на јаките страни на вашата врска

Обидете се секогаш да обезбедите соработка од страна на детето. Тоа ќе го обезбедите доколку секое слободно време го поминувате со детето, во тие моменти ќе обезбедите доволно внимание од него. Неможе да очекувате внимание од детето доколку не се обидете да поминувате време на начин на кој сака детето.

Престанете да казнувате

Наместо казни, поставете семејни правила на кој ќе мора да се придржуваат и децата. Одредете ги правилата заеднички.

Детето треба да биде свесно дека одговорноста е битна

Доколку вашето дете несака да преземе одговорност, запознајте го со концептот на поправни активности. Тоа не е класична казна , туку станува збор за начин на кој се доаѓа до решение за било каков предизвик и проблем. Така да потрудете се да го предизвикате да најде решение на ситуација која ја предизвикал. Пример: Доколку нешто скрши, одземете му од џепарлакот со тоа што ќе мора да иде и да го купи истото. И на крајот на грешките се учи!

Јасни обврски

Секое семејство има свој ритам и начин на живот, притоа задачите за децата ја носат динамиката. Обврските дома треба да бидат задолжителни, доколку немаат време преку неделата нека бидат викенд задачи, убаво би било и да бидат и наградени.

Секогаш подржувајте го детето

Ако забележувате дека детето заостанува во училиште, оцените одат во надолна линија, помогнете му. Можеби станува збор за период на мрзеливост , битно е да бидете тука за него да го подржите. Запомнете промените не се случуваат преку ноќ.

Смислата за хумор е најважна

Тинејџерите ќе ги тестираат вашите граници. Секогаш обидете се да почуствуваат колку сте озбилни. Но не заборавајте да се смеете на нивните шали и да се обидувате вие да ги правите шалите на кој тие би се насмеале.