Како изгледа тестирање за КОРОНАВИРУС?

0
273

Руската тенисерка, Светлана Кузнецова, објави видео на социјалната мрежа инстаграм на кое се гледа како изгледаше нејзиното тестирање за коронавирус.

Здравствениот работник во специјално одело зема два бриса, прво од ноздрвите, а потоа и од грлото на Кузнецова.

34 годишната тенисерка потоа ги добила резултатите од тестирањето, и тие се негативни, што значи дека не е заразена.

Светлана на сите пријатели им порачува да се чуваат во изолација и им посакува да останат здрави.