Како изгледа еден ден во ИТ компанија во Македонија?

0
133

Веројатно сите сонуваме да работиме во една компанија како што е Гугл или Фејсбук. Самиот начин на работа, креативни канцеларии, опуштена атмосфера е она што ги прави привлечни.

За разлика од другите, ИТ компаниите низ светот се карактеризираат со една поинаква неконвенционална бизнис култура. Според едно истражување кое што е направено на тема во која компанија е најдобро да се работи, дури три од првите десет се ИТ компании. Тие се компетитивно и забавно место за работа.

Денеска ќе ве запознаеме со македонската ИТ компанија Интертек и ќе ви доловиме како всушност изгледа еден работен ден таму.

Интертек е компанија која секој би посакал да работи. Колегијалноста и енергичниот пристап кон работата го прави работното место навистина на едно позитивно ниво. За се друго тука се и  просторите за релаксација и дружење. Ова се само дел од карактеристиките кои што се дел еден типичен работен ден.

Она кое е вредно да се потенцира дека компанијата Интертек вложува макисмално во своите вработени преку посети на разни настани, едукации, семинари, конференции кои придонесуваат за развој на професионален план кај секој вработен. Во Интертек постои и програма за развој на таленти кои преку процес на едукација и практична работа се вклучуваат во работните обврски кои ги носи денот. Сетоа тоа ги прави нашите луѓе, нашиот тим експерти во областа во која делуваат, и токму затоа Интертек е препознаен на глобалниот пазар.

За време на паузите од проектите, вработените користат различни начини да го искористат времето во дружење. Покрај просториите за работа, во Интертек може да се најдат и простории за релаксација. Некогаш е тоа гејминг собата за Сони, некогаш собата наменета за  пинг понг, а често е дружење во дворот кој е во кругот на деловната зграда на компанијата каде често во пролетниот период знае да се направи и забава со скара. Барем еднаш во неделата, тимот на Интерткет се собира на афтерворк Beer Party во нивниот двор.

Многу е важно да се чуствувате како да сте дел од тоа опкружување, а не само дојдени на работа и да заминете дома.

Таа позитивна атмосфера е онаа која што е задолжителна за успешноста на една компанија.