Сите ние имаме пријател во друштвото кој може да јаде што и да посака, а секогаш има витка линија и стомачни мускули. Тајната е во метаболизмот! Добра вест е дека можете да го поттикнете и забрзате, а со тоа долгорочно ќе можете да ја подобрите вашата телесна композиција, односно да намалите на телесни масти и да зголемите мускулна маса.

Вашиот метаболизам – поконкретно стапката на метаболизам додека вашето тело е во состојба на мирување – го претставува бројот на калории кои вашиот организам ги согорува додека мирувате (седите, лежите или спиете).

Вашиот метаболизам го сочинуваат 70 проценти од калориите кои ги согорувате во текот на еден ден. Колку побрз метаболизам имате, толку повеќе калории согорувате. Тоа значи дека може да внесувате повеќе калории во споредба со друга личност која има слична градба на вашата, а сепак да согорувате повеќе калории од неа.

Едноставно морате да направите прилагодување на вашите животни навики во поглед на исхраната и физичката активност, како би го избегнале зголемувањето на телесната тежина.

За среќа, процентот на мускулна маса исто така влијае врз брзината на метаболизмот. А тоа е фактор врз кој директно можете да влијаете преку интензивирање на вашиот тежински тренинг и промената на нутритивните навики.

Тежинскиот тренинг предизвикува мускулна хипертрофија, која е предуслов за раст на мускулите. Бројни истражувања покажале дека оние кои практикуваат тежински тренинг во периодична низа од шест месеци, го забрзуваат метаболизмот за околу 7 проценти.

Стилот на тренинг кој го одбирате има големо влијание на вашата метаболичка стапка. Кога практикувате високоинтензивни тренинзи, интервален или кружен тренинг, на мускулите им е потребна повеќе енергија, со што се зголемува размената на кислорот во организмот. Дури и по завршување на тренингот, стапката на метаболизмот останува покачена до 24 часа по неговото завршување.

Долгорочните диети можат негативно да влијаат на брзината на вашиот метаболизам од причина што предизвикуваат резервирање на енергија од страна на телото, а тоа го успорува метаболизмот. На тој начин согорувате помалку калории во текот на еден ден, затоа што вашето тело е навикнато да штеди. За секоја недела кога сте на диета, направете и пауза. На овој начин метаболизмот ќе се адаптира. Калорискиот дефицит е обратнопропорционален на израдбата на мускулна маса, која пак е правопропорционална на брзината на мeтаболизмот. Оттука, колку повеќе мускули, толку побрз метаболизам.

Забрзајте го метаболизмот и придружете се на оние кои можат да си доволат и поголема порција без да внимаваат на стомакот.